ЕК: Безбедносниот пропуст на Фејсбук погодил пет милиони Европејци

Од:

Неодамнешниот безбедносен пропуст за кој соопшти социјалната мрежа Фејсбук погоди околу пет милиони Европејци, изјави еврокомесарката за правда Вера Јурова.

Фејсбук во петокот објави дека се хакирани речиси 50 милиони профили на оваа социјална мрежа и дека напаѓачите ги искористиле слабостите на опцијата „Види како“ (View As) за да добијат контрола врз профилите на корисниците. Тој пропуст кој бил „поправен“ во четвртокот, како што рече основачот и главен директор на социјалната мрежа Марк Закерберг, им овозможил на хакерите да пристапат до информации на корисничките профили (имиња, податоци за полот, адреси… ).

– Повеќе ќе знам за неколку часа или за неколку денови, но колку што знам, од тие 50 опфатени се пет милиони Европејци, што е неверојатен број, рече Јурова одговарајќи на прашање на европски состанок во Луксембург.

Хакерските напади со големи размери на Фејсбук повторно ги поттикнаа критиките кон социјалната мрежа која веќе сериозно ја поткопуваат повеќе афери, особено во врска со заштита на личните податоци.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска