ЕК бара решение за германскиот граничен режим

Од:

Европска комисија му предаде писмо на германскиот амбасадор во Брисел, Михаел Клаус, во кое бара решение за режимот за влез во Германија од Чешка, Словачка и од австриската покраина Тирол.

Веруваме дека разбирливата цел на Германија, заштитата на јавното здравје во време на пандемија, може да биде постигната со помали рестриктивни мерки, се наведува во писмото на ЕК.

Во писмото се посочува и дека ЕК очекува одговор од германските власти во следните десет работни дена.

Германија неодамна воведе гранични контроли поради појавата на нов вид на Ковид-19 во Тирол и влошената епидемиолошка ситуација во Чешка.

Германскиот весник Билд вчера објави минатата недела биле проверени 104.178 луѓе, при што 15.877 лица биле вратени од граница.

Слични писма досега добија и Белгија, Унгарија, Данска, Шведска и Финска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На пропалестинските демонстрации во Берлин уапсени биле 59 лица, 93 полицајци се повредени

Ана Ололовска

Анкета: Повеќето Германци против повластувања за вакцинираните против Ковид-19

Ана Ололовска

Берлин ја враќа Британија во списокот на држави со висок ризик од Ковид-19

Ана Ололовска

Германија пак собори рекорд – во еден ден вакцинирани 1,35 милиони луѓе

Жарко Настоски

Меркел: Германија нема да толерира антисемитски протести

Русија очекувала повеќе од германското претседателство со ЕУ, Берлин личел на „предводник на антируските сили“

Жарко Настоски