ВИДЕО: Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД

Од:

Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која им се придружила на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјавила дека не може да го даде својот глас за Берет, имајќи предвид колку се блиску следните претседателски избори. Ниту еден друг судија на Врховниот суд на САД досега, во изминатите 150 години, не е потврден, а да не освоил ниту еден глас на малцинската партија.

Берет е трет судија во деветчлениот суд, која е номинирана од американскиот претседател Доналд Трамп и значително го поместува идеолошкиот баланс кон конзервативното мнозинство од шест наспроти три.

Кандидатката на Трамп, која го пополни испразнетото место поради смртта на Рут Бејдер Гинзберг, потенцијално отвора нова ера на пресуди за абортусот, Законот за попристапна здравствена заштита, познат како „Обамакер“, па дури и изборите.

Берет положи заклетва пред судијата на Врховниот суд Кларенс Томас на свеченост во Белата куќа.

„Ова е ден од огромно значење за Америка“, изјави Трамп на церемонијата на полагање заклетва, на која присуствувале околу 200 гости.

Берет изјавила дека преку „ригорозниот процес на потврда“ научила дека „работата на судијата е да се спротивстави на своите политички преференции“. Таа вети дека ќе работи „без страв и непристрасно“.

Би можело да ве интересира

Џулијани побарал Трамп однапред да го помилува, во случај да биде обвинет по неговото заминување

Жарко Настоски

САД ја обвинија Кина дека ги крши санкциите на ОН кон Северна Кореја

Жарко Настоски

Фаучи ги повика граѓаните „да бидат дел од решението“ и да се вакцинираат

Ана Ололовска

Член на корона-тимот на Трамп поднесе оставка

Ана Ололовска

Две вакцини против Ковид-19 ќе бидат одобрени во САД пред Божиќ

Жарко Настоски

ВИДЕО: Јутјубер сакаше да се прослави со скок од мост, заврши со скршен череп

Жарко Настоски