Ејбрамс: Бајден тешко ќе ги врати САД во нуклеарниот договор за Иран

Од:

Американскиот пратеник за Иран, Елиот Ејбрамс, изјави дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да врши притисок врз оваа земја и предвиде дека на новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе му биде тешко да ги врати САД во нуклеарната програма од која се повлекоа во 2018 година.

-Навистина не е важно кој на 20 јануари ќе биде претседател на САД, во смисла на тоа дека со Иран секако ќе има разговори. Не знам дали САД ќе се вратат во нуклеарниот договор, рече Ејбрамс, цитиран од британските медиуми.

Џо Бајден изјави дека се надева САД да се вратат на нуклеарниот договор, во кој Иран се согласи да ги намали своите нуклеарни активности и за возврат да добие укинување на меѓународните санкции.

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор во 2018 година и воведе економски санкции за Иран.

Ејбрамс додаде дека сите санкции на САД кон Иран, вклучително и оние поврзани со почитувањето на човековите права, како и за поддршката на оваа азиска земја за одредени милитантни групи, ќе бидат во сила и по 20 јануари.

-Преку санкциите имаме максимален притисок. Тие ќе продолжат и во декември, бидејќи на никаков начин не се поврзани со изборите во САД, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД