Претседателот на Египет, Абдул Фатах ал Сиси престојува во Лондон во прва посета на Велика Британија, каде денеска ќе се сретне со својот домаќин, британскиот премиер Дејвид Камерон.
Предвидено е двајцата политички лидери да разговаат за низа прашања поврзани со билатералната соработка, како и за ситуација во регионот на Блискиот Исотк, а пред се, за сирискиот конфликт и за вкупните безбедносни прашања.
Посетата на египетскиот претседател, која долго време се подготувуваше, доаѓа во моментот кога британските власти соопштија дека привремено ги запираат сите летови од и кон популарниот египетски туристички центар Шарм ел Шејк, каде прееку целата година, престојуваат многу Британци.
Ваквата одлука на Лондон се оправдува со безбедосни причини и со сомневањето за подметната бомба во рускиот авион „Ербас 321“, што во саботата се урна во синајската пустина
Даунинг стрит 10, објаснувајќи го ваквото решение, синоќа соопшти дека додека трае истрагата не може со сигурност да се тврди зашто се урнал авионот, но дека информациите во јавноста ја загрижиле британската Влада од можноста рускиот авион да бил соборен од експлозивна направа.
Висок египетски функционер, кој е член на делегацијата со која допатува Ал Сиси во Лондон, изјави за Би-Би-Си дека Каиро не бил претходно информиран за ваквото решение на Владата на Велика Британија.
Овој функционер. чиј идентитет не се открива, рекол дека се плаши оти ваквата британска одлука ќе ги измести денешните разговори меѓу Ал Сиси и Камерон, затоа што ќе ги потисне во втор план, другите теми и прашања за кои беше предвидено да се разговара.
Дипломатски експерти во Лондон оценуваат дека потегот на британската Влада, посебно што е донесена во сегашниот момент, претставува удар за угледот и престижот на египетскиот претседател.
Ал Сиси претходно ги отфрли тврдењта на исламистичките терористи кои дејствуваат на Синајскиот Полуостров дека тие го собориле рускиот авион. Според египетскиот претседател, станува збор за „реклама“ на терористите, затоа што властите ја имаат под своја контрола безбедносната ситуација во регионот каде падна авионот.
Во својата реакција на одлуката на Британците, да се запрат летовите кон Шарм ел Шеик, Ал Сиси изјави дека Египет не сака да брза со заклучоците.
– Ние во Египет ја делиме истата загриженост, но сакаме да ја дознаеме вистинската причина за падот на авионот. Нема ништо да сокриеме, изјави во Лондон египетскиот претседател.
Шарм ел Шеик е важна дестинација за Египет и за египетскиот туризам и таа остана отворена за туристите од Велика Британија, Западот и од другите земји и по т.н. „арапска пролет„ во 2011 година, соборувањето на Хосни Мубарак, доаѓањето на власт на исламистите и на исламистичкиот претседател Мохамед Морси и неговото подоцнежно отстрабување од функцијата.
Интервенцијата на египетската армија, предводена од тогашниот генерал и министер за одбрана Ал Сиси, за „спречување на судирот на исламистите и секуларистите“ во Египет, не беше прифатено во Лондон, како и во Ваѓингтон, па уследи период на заладување на британско-египетските односи, но турситичките врски со Шарм ел Шеик и со Египет останаа отворени и никогаш во овие изминати четири години не беа прекинати.