Египетски функционер: Израел планира неколку мали воени операции во Рафах

Од:

Израел планира да започне неколку мали воени операции во градот Рафах во јужниот дел на Газа, изјави неименуван египетски воен функционер за либанскиот весник Ал Акбар.

Тој изјави дека Израел планира да го избегне незадоволството на Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница кога станува збор за инвазијата на Рафах, пренесува Тајмс оф Израел.

Американскиот претседател Џозеф Бајден оваа недела предупреди дека ќе престане да го снабдува Израел со оружје доколку израелската армија изврши голема инвазија на Рафах.

Вчера, како одговор на американското предупредување, Нетанјаху рече дека Израел „ќе стои сам ако треба“, а денеска изјави дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“. Неделава Израел започна операција во источните делови на Рафах, а Тел Авив објави дека станува збор за „ограничена операција“.

Повеќе од милион Палестинци најдоа засолниште во Рафах од конфликтот во другите делови на Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Вафа: 20 лица загинаа во воздушен напад врз бегалски камп во Газа

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот на Белата куќа е во регионот

Горан Наумовски

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Телото на уште еден заложник е пронајдено во Газа

Горан Наумовски

ИДФ ги повика Палестинците да се евакуираат од крајбрежните населби во северниот дел на Газа