Египет и Русија потпишаа договор за изградба на нуклеарна електрана

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпишаа договор за изградба на нуклеарна електрана во египетскиот град Даба во вредност од 21 милијарди долари.

– Нуклеарната електрана во Даба, со четири реактори и капацитет од пет гигавати, би требало да биде завршена до 2029 година, а вкупните трошоци за изградба ќе изнесуваат 21 милијарди долари, изјави директорот на руската државна компанија „Росатом“, Алексеј Лихачјов.

Претставници на двете држави уште во 2015 година го договорија овој проект и кредит од Русија со кој што ќе се покријат 85 отсто од трошоците.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба