Египет ќе донира 30 милиони дози вакцина против Ковид-19 на африканските земји, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
„Иницијативата ќе биде координирана од Африканската унија (АУ)“, додаде шефот на државата во своето обраќање пред присутните на првата африканска здравствена конференција ExCon, што беше отворена денеска во Каиро.
На форумот учествуваат околу 2.000 кандидати кои ги претставуваат владините институции од Африка и Блискиот Исток, како и повеќе од 350 компании од повеќе од 102 земји. Настанот е во организација на Египетската канцеларија за јавни набавки.
Египет доби милиони дози вакцини преку глобалната програма за пристап до вакцини Ковакс и ја произведува кинеската вакцина Синовак од јуни 2021 година, според договор со кинеска фармацевтска компанија.
Извор: МИА