Египет и Арапската лига со осуда за израелските напади врз Сирија

Од:

Египет денеска ги осуди израелските воздушни удари врз цели во Сирија, а Арапската лига побара од Советот за безбедност на ОН да дејствуваат Израел веднаш да запре со нападите „врз државата што ја уништува војна“.

Во соопштение на претседателството на Египет се вели дека воздушните удари го кршат меѓународното право и принципи, и ја усложнуваат ситуацијата.

Во воздушните напади цел беа ракети наменети за либански Хезболах, јавуваат западни медиуми.

Арапската лига побара од СБ на ОН да дејствува веднаш и да побара прекин на израелските напади врз Сирија. Тие сметаат дека нападите се опасно кршење на суверенитетот на арапска држава.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ