Египет ги прекина сите односи со Дамаск

Од:

Египетскиот претседател Мухамед Морси вчера изјави дека Каиро прекинува секакви дипломатски односи со Сирија и повика над земјата да се воведе зона за забранети летови, пренесоа светските агенции.

Денеска одлучивме да прекинеме секакви односи со Сирија и актуелниот сириски режим, да ја затвориме сириската амбасада во Египет и да го отповикаме шефот на египетската дипломатска мисија во Дамаск, изјави сунитот Морси пред свои приврзеници на повеќеилјаден митинг, свикан од сунитски духовници на фудбалски стадион во Каиро. Морси ја повика меѓународната заедница над Сирија да воведе зона за забрати летови.

Тој, исто така, инсистира либанската шиитска група Хезболах да престане да се меша во сириските внатрешни работи и да ја напушти територијата на Сирија.

– Зборувам многу сериозно: Хезболахтреба да ја напушти Сирија, таа нема место таму, изјави египетскиот претседател.

Ние сме со сирискиот народ и сме против владата која убива сириски деца и силува жени, изјави Морси.

Претседателот, кој доаѓа од влијателното исламистичко движење „Муслиманско братство“, изјави дека неговата земја почнала контакти со арапски и муслимански држави за организирање на итна поддршка на сирискиот народ, посочуваат француски медиуми.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години