Египет бара една милијарда долари компензација за загубите поради заглавениот брод во Суецкиот канал

Од:

Египет најверојатно ќе побара компензација во износ од над милијарда долари поради штетата што и е нанесена на земјата во текот на процедурата за поместувањето на товарниот брод „Евер Гивен“ што го блокираше Суецкиот канал.

Откако се отвори каналот, постои дилема кој ќе ја плати сметката за тоа.

„Ќе побараме повеќе од милијарда долари во форма на компензација“, рече Осама Раби, директор на Суец Канал Ауторити (Suez Canal Authority).

Сумата е формирана откако се земени предвид загубите од приходите за каналот како расходи за машини и за награди на луѓето кои беа вклучени во акцијата за поместување на товарниот брод.

„Изгубивме многу пари, но го спасивме бродот без многу штета и загуби за него“, рече тој.

Според египетските власти, тие се надеваат дека ќе постигнат договор за два до три дена, а во спротивно се подготвени за судска разврска на спорот.

Би можело да ве интересира

Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал

А1он

Товарен брод се насука во Суецскиот канал

Ана Ололовска

Суецкиот канал повторно под кратка блокада, се насукал танкер

Суецкиот канал од 1 мај наметнува нова 15-процентна царина за танкерите со нафта

А1он

Контејнерскиот брод „Евер Гивен“ го напушта Суецкиот канал што го затна во март

Жарко Настоски

Египетски суд дозволи да се пушти бродот што го затна Суецкиот канал

Жарко Настоски