ЕФН бара посебни мерки за помош на медиумите во ЕУ поради кризата

Од:

Европската федерација на новинари (ЕФН) се сретна со потпретседателката на Европската Комисија (ЕК), Вера Јурова, и побара пакетите за спас од економската криза што ги подготвува ЕК да вклучуваат посебни мерки за помош за медиумскиот сектор, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕФН ги повика сите ЕУ институции да преземат брзи и координирани мерки за да му помогнат на медиумскиот сектор да се справи со “катастрофалните социјални и економски последици од кризата со КОВИД-19„.

-Пред оваа пандемија, европските граѓани имаат потреба од професионални и економски безбедни новинари повеќе од било кога. ЕУ треба да преземе акции и да ги охрабри земјите членки да го сторат истото, порача Федерацијата по средбата со Јурова.

Европската Комисија подготвува разни мерки и пакети за спас од економската криза која ќе следи по здравствената.

-ЕУ и национални пакети за закрепнување се итно потребни за да се заштитат работните места и егзистенцијата на медиумските работници, да се поддржат компаниите и да се финансираат медиумите од јавниот сервис за време на оваа криза. Илјадници медиумски работници веќе изгубија работа или ризикуваат да ја изгубат, привремено или трајно, повикуваа Федерацијата на европски новинари која застапува 320 илјади европски новинари во и надвор од ЕУ, вклучително и македонските.

Директорката на ЕФН, Ренате Шредер, смета дека “наместо намалување на даноците за компаниите и намалување на социјалните придонеси, ЕФН бара таргетирани мерки кои ќе испратат повеќе новинари на терен“.

Мерките за спас, според ЕФН, треба меѓу другото да вклучуваат зголемени фондови за медиумите од јавниот сервис, директна финансиска помош за редакциите и субвенции дистрибуирани преку независно тело земајќи предвид објективни критериуми.

-Повеќе европски влади како Данска и Шведска преземаат економски мерки за олеснување на медиумскиот сектор, но повеќето сѐ уште не предложиле специфична помош. Некои земји, како Хрватска, намерно одбиваат специфична помош за медиумите, што најостро го осудувам, изјави генералниот секретар на Федерацијата, Рикардо Гутиерез.

Од Федерацијата потсетуваат дека предизвикот на борбата против лажните вести треба исто така да биде поттик да се поддржат професионалните медиуми, посебно во кризно време како сега.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он