Едно лице загина во украинското гранатирање на Белгород

Од:

Една жена загина во утринава во украинското гранатирање на регионот Белгород, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.

Тој изјави дека во нападот има повредени, пренесува РИА Новости.

Според прелиминарните информации што ги изнесе Гладков, во гранатирањето биле оштетени три здравствени установи и неколку станбени згради.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека утрово системите за противвоздушна одбрана над регионот Белгород собориле осум украински проектили истрелани од ракетниот систем Вампир.

Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид