Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на државата Веракруз, во Мексико, каде една жена бегајќи од куќата паднала, а една жена е повредена при евакуација од болница.
Епицентарот на потресот бил на источниот брег на Веракруз, каде жителите и туристите ги напуштале домовите и хотелите.
Надлежните не регистрирале штета на нуклеарката Лагуна Верде, ниту на нафтените постројки во Мексиканскиот залив.