Во поројните дождови што денеска ги донесе ураганот Хумберт, загина еден маж во западно Мексико, соопштија официјални лица.
Ураганот се движи кон северното подрачје на пацифичкиот брег, полуостровот Долна Калифорнија. Брзината на ветровите е над 150 километри на час.
Според извештаи на Метеоролошка служба на Мексико, се очекува во текот на денот ветровите да бидат со намалена брзина.
Долж западниот брег на Долна Калифорнија во сила е предупредување за ураган.