Едно лице загина, а повеќе од 160 се повредени во страшна експлозија што се случи синоќа во магацин во главниот град на Узбекистан.
Како што пренесува Ројтерс, тинејџер загинал во експлозија на магацин лоциран во близина на аеродромот.
Момчето починало кога врз него паднал прозорец, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на Узбекистан.
Во болница се префрлени 24 лица, а најмалку 138 добиле лекарска помош поради полесни повреди.
Се уште не е познато како дошло до експлозијата, а некои руски медиуми јавија дека до трагедијата дошло откако гром удрил во магацинот.
И утринава на терен се бројни противпожарни единици кои работат на гаснење на пожарот.