Како ќерката на диктатор изгради империја вредна 240 милиони долари

Од:

Ѓулнара Каримова, ќерката на диктаторот на Узбекистан, користела британски компании за да купи недвижен имот и авиони со пари добиени со мито и корупција, покажа истражувањето на „Слобода за Евроазија“.

Британските власти долго време беа обвинети дека не прават доволно за да ги спречат криминалците од странство да ги користат британските средства за перење пари. Во извештајот се вели дека леснотијата со која Каримова добила имот во Велика Британија е „вознемирувачка“.

Не се знае дали раководителите на фирмите поврзани со Каримова знаеле дека вложените пари се нејзини или дека средствата може да бидат од сомнително потекло. Никој во Велика Британија не е под истрага или казнет поради овие наводи, јавува Би-Би-Си.

Ѓулнара Каримова беше дипломат, амбасадор во Шпанија, постојан претставник во ОН во Женева, но и поп пејачка, а се сметаше дека таа ќе го наследи нејзиниот татко Ислам Каримова на шеф на државата.

Една година откако тој почина во 2016 година, таа беше осудена на 10 години затвор за измама и перење пари, но таа казна набрзо беше заменета во домашен притвор. Нејзините маки не завршиле тука, па во една прилика полицајците ја извлекле надвор од домот бидејќи наводно ги прекршила правилата за домашен притвор.

Не е познато како ја изградила империјата вредна 240 милиони долари, откако била осудена како членка на криминална група која контролирала имот од над 1 милијарда долари во 12 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Русија и Обединетите Арапски Емирати.

„Случајот Каримов е еден од најголемите случаи на мито и корупција на сите времиња“, рече Том Мејн, еден од истражувачите на извештајот „Слобода за Евроазија“ и научен соработник на Универзитетот во Оксфорд.

Нивниот извештај се фокусира на пет имоти купени во и околу Лондон, кои сега вредат 50 милиони фунти. Тие вклучуваат три станови во Белгравија, западно од Бакингемската палата, куќа во Мејфер и замок од 18 милиони фунти во Сари со приватно езеро.

Два стана во Белгравија беа продадени во 2013 година, пред Каримова да биде приведена. Куќа во Мејфер, замок во Сари и трет стан во Белгравија беа блокирани во 2017 година од страна на британската канцеларија за сериозни измами.

Извештајот „Слобода за Евроазија“ наведува и компании во Лондон и Британските Девствени Острови за кои тврди дека Каримова или нејзините соработници ги трошеле приходите од криминал на недвижен имот, како и приватен авион вреден 40 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, 160 се повредени во експлозија што се случи во Узбекистан

(ВИДЕО) Експлозија во близина на аеродромот во Ташкент, има повредени

16 тешко повредени по експлозија во магацин на Министерството за одбрана на Узбекистан

Експлозија во воен магацин во Узбекистан, најмалку 16 повредени

Во Узбекистан почнува самитот на Шангајската организација за соработка, Путин и Си ќе имаат средба

А1он

Узбекистанскиот претседател го одби усвојувањето на уставни измени заради големиот протест на засегнатите Каракалпакстанци

Ана Ололовска