Едно лице е повредено во ракетен напад врз сирискиот главен град

Од:

Едно лице е повредено во ракетен напад во сирискиот главен град, Дамаск, во недела навечер, објавија државните медиуми.

Ракетите погодиле куќа и предизвикале материјална штета. Не е веднаш јасно кој стои зад нападот во западниот кварт на Дамаск, Мазех 86, објави АП. Безбедносните сили го опколиле подрачјето погодено од нападот.

Државната новинска агенција САНА објави дека една жена е ранета во експлозија предизвикана од ракета испукана од мобилен фрлач. Експлозиите не се невообичаени во сирискиот главен град, но се намалија во последните месеци.

По падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември минатата година, во Дамаск имаше неколку експлозии.

Би можело да ве интересира

Лавров: Сите молчат после тестовите на нашата најнова ракета

Ал-Шара од Москва ќе бара да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Нетанјаху: Израел нема намера да се откаже од тампон зоните во Сирија

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници