Една жена загина во земјотресот во Чиле

Од:

Една жена загина во вчерашниот силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот дел на Чиле.

Жената добила инфаркт за време на земјотресот и починала, соопштија чилеанските власти.

Земјотресот предизвика помала материјална штета, а нема информации за други жртви.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 45,7 километри, 101 километар југозападно од рударскиот град Капиапо и на 585 километри од Сантјаго.

Чилеанските власти соопштија дека нема опасност од појава на цунами.

Пред три години земјотрес од 8,8 степени и цунами ги опустошија централните и јужните реони на Чиле, при што загинаа повеќе од 500  луѓе.

Би можело да ве интересира

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија