Една третина од Словенија ќе биде покриена со 5Г мрежа до крајот на годинава

Од:

Телеком Словенија почна со воведување на првата комерцијална 5G мрежа во земјата со употреба на постојни базни станици во рамките на фреквенцискиот спектар од 2600 мегахерци, кој се користи за 4G.

Компанијата соопшти дека 5G мрежата првично ќе покрие околу 25 проценти од територијата на земјата, и дека до крајот на годината тој процент ќе надмине 33 отсто.

Словенечкиот национален телекомуникациски оператор најави дека подобрената 4G/5G мрежа ќе овозможи побрз трансфер на податоци од онаа што ја обезбедува мрежата LTE/4G.

Сепак, целосниот потенцијал на 5G мрежата, како што е соопштено, ќе биде достапен само кога ќе се одобри дополнителниот спектар на фреквенции.

Досега, Телеком Словенија има надградено 150 базни станици, што опфаќа околу една четвртина од територијата на земјата, а компанијата очекува дека со понатамошни надградби, покриеноста ќе надмине 33 проценти до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија