Една третина од 270-те китови насукани во Тасманија најверојатно се мртви

Од:

Напорите да се спасат преостанатите пилот китови насукани на западниот брег на австралиска Тасманија денеска влегоа во критична фаза, бидејќи експертите стравуваат дека една третина од 270-те цицачи веќе се мртви.

Китовите се насукаа вчера на три локации во пристаништето Меккури, во близина на градот Страхан.

Биологот за диви животни во програмата за зачувување на морињата, Крис Карлион изјави дека повеќето од китовите се недостапни со брод и до синоќа околу една третина од китовите веќе умреле.

Спасувањето ќе биде бавно и постепено, со тим од околу 60 спасувачи кои се принудени да ги насочат своите напори кон китовите „со најголеми шанси“.

– Некои животни може да бидат едноставно премногу големи или на несоодветна локација, рече Карлион.

– Во врска со масовните насукувања во Тасманија, ова е најсложеното со кое моравме да се справиме, додаде тој.

Околу 200 китови се насукани на песочна плоча покрај Макквари Хедс, помала група има има неколку стотици метри подалеку, а уште околу 30 се наоѓаат покрај плажата Океан.

Карлион рече дека спасувањето веројатно ќе трае со денови, но пилот китовите со долги перки се робустен вид и „доколку условите останат исти, тие можат да преживеат неколку дена“.

Масовните насукувања не се невообичаени во близина на островската држава Тасманија, но повеќе од една деценија немало инцидент со повеќе од 150 животни.

Карлион рече дека причините за насукувањето често остануваат непознати и оти може да се работи „едноставно за несреќа“.

Би можело да ве интересира

Во Австралија се насукаа 160 китови, спасувањето е во тек

Горан Наумовски

Група китови се забележани во Јадранското Море кај Корчула

Бродовите годишно при пловидба убиваат 20 илјади китови

Исланд би можел да го забрани ловењето китови од 2024 година

Ана Ололовска

На традиционален фестивал на Фарските Острови убиени околу 1.500 китови и делфини

А1он

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени

Ана Ололовска