Агенцијата на Обединетата нација за бегалци (УНХЦР) соопшти дека очекува поради насилствата во Мали следните месеци околу 700.000 луѓе да ги напуштат своите домови, од кои 400.000 лица би можеле да побегнат во соседните држави.
– Веруваме дека во блиска иднина уште 300.000 луѓе би можеле да бидат раселени во Мали, изјави портпаролката на УНХЦР Мелиса Флеминг.
Околу 147.000 државјани на Мали веќе побегнале во Мавританија, во Нигер, во Буркина Фасо и во Алжир откако почна кризата минатата година, а меѓу нив има 2.744 луѓе кои побегнале откако почнале воздушните напади на француската армија пред една недела.
Во март минатата година група војници почнаа вооружени немири во главниот град на Мали, Бамако, што го искористија Туарезите и групите исламисти да го заземат северниот дел на земјата.
Француската армија презеде воена интервенција во Мали откако исламистите почнаа да напредуваат кон Бамако.