Единаесетта жртва од поплавите во Чешка

Од:

Словак, кој паднал во реката Отава во близина на градот Сушице во југозападниот дел на Чешка, е единаесеттата жртва во поплавите со кои земјата се соочува неделава, јави дописникот на МИА од Прага.

Според полицијата, четири лица се уште се сметаат за исчезнати. И покрај дождовите кои и денеска паѓаат во одредени области и ги покачуваат нивоаа на реките, властите ангажираат пожарникари, полицајци и војници кои помагаат во расчистување на последиците.

Министерот за земјоделство Петр Бендл, денеска информираше дека се подготвува нов Предлог-закон со кој ќе се ограничи градење во областите кои сега се зафатени со поплавите.

Бендл смета дека во иднина теба да се заштитуваат полјата со редовно чистење на коритата на реките и потоците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски