Една патничка загина, а двајца членови на екипажот се повредени откако непознати напаѓачи отвориле оган на патничкиот авион на „Пакистан интенешнел ерланс“ (ПИА), во моментот кога слетувал на аеродромот во Пешавар, пренесе „Франс прес“.
Портпаролот на ПИА, Машуд Таџвар вели дека во моментот на напад на авионот, кој пристигнал од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, имало повеќе од 170 патници.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“ за сега никој не ја презел одговорноста за нападот, но властите се сомневаат дека зад инцидентот стојат екстремисти, кои се борат против владата на северозапад на Пакистан.
Е. Г.