Товарен брод потона во близина на Филипините при што еден човек загина, соопшти крајбрежната стража. Други 19 членови на екипажот на Сиј марчант се спасени, јави ДПА.
Несреќата се случила во близина на градот Лобо во провинцијата Батангас на 100 км јужно од Манила.
Бродот бил натоварен со вреќи цемент и се движел кон централната провинција Антике.