Еден повреден во вооружен напад на бегалски центар во Германија

Од:

Еден 23 годишен барател на азил е повреден во напад со огнено оружје во местото Драјајх во близина нa Франкфурт.

Нападот во кој се испукани неколку куршуми се случил во еден часот по полноќ  во центар за бегалци каде што азилантот кој е вон животна опасност бил ранет додека спиел. Засега полицијата и обвинителството немаат утврдено мотиви и причини за нападот. 

“Истражуваме во сите правци, а ја разгледуваме и можноста нападот да е предизвикан од ксенофобија и незадоволство од присуство на бегалци“ изјави по нападот обвинителката Нина Рајнингер. 

Во Драјајх се сместени околу 300 бегалци главно од Сирија и Ирак. 
Како и во најголем дел од другите над 730 напади врз азилантски центри во Германија во последниве 12 месеци и покрај брзата интервенција на полицијата сеуште нема осомничени или уапсени.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија