Еден полицаец загина, а двајца се ранети вчера во обид да растурат протест на опозицијата во венецуелската сојузна држава Миранда, изјави министерот за внатрешни работи Нестор Реверол.
– Силите за зачувување на редот се обидоа да ги протераат демонстрантите, но од нивната страна бил отворен оган и за жал еден полицаец загина, рече Реверол.
Еден полицаец е ранет од куршум, а друг од удар со тап предмет.
Во неколку градови во Венецуела вчера имаше масовни протести на противниците и на приврзаниците на Владата.
Според податоци на невладината организација „Форо пенал“ на демонстрациите на опозицијата се ранети над 20 лица, а најмалку 140 биле приведени.