Еден Палестинец е убиен за време на израелска воена операција на Западниот Брег

Од:

Израелски војници денеска убија Палестинец при апсење на Западниот Брег, соопштија воени и здравствени извори, пренесува Бета.

Тоа се случува еден ден откако војската уби петмина Палестинци на таа окупирана територија, меѓу кои и еден кој со возило налета на припадничка на израелската армија и тешко ја повреди.

Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека еден Палестинец починал од тешки повреди откако бил погоден со куршуми во градот Џабад на северниот дел на Западниот Брег.

Израелската армија соопшти дека влегла во Џабад во близина на Џенин, каде што е уапсен Абд Ал Гани Хазалах, осомничен за терористичка активност. Во соопштението се додава дека бил отворен оган откако вооружени осомничени лица пукале кон војниците и фрлиле експлозивни направи.

Израелските сили уапсија 3.000 луѓе во последните месеци, соопшти армијата оваа недела, како дел од операцијата започната по серијата смртоносни напади врз Израелците.

Повеќе од 140 Палестинци и најмалку 25 Израелци се убиени оваа година на Западниот Брег, Израел и Ерусалим.

Американскиот пратеник за Палестинците, Хади Амр, денеска изјави дека американската администрација „внимателно го следи секој инцидент“ и изрази длабока тага поради „трагичните смртни случаи“ на палестинските територии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Ал Џезира: Израел продолжува со нападите врз Газа, загинаа најмалку осум Палестинци

Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62