Еден од водачите на Исламска држава е уапсен во предградието на Дамаск

Од:

Сириското Министерство за внатрешни работи денес објави дека еден од лидерите на Исламска држава (ИСИС), Таха ал-Зуби, и неговите помошници се уапсени во предградието на Дамаск, и дека се запленети експлозивен појас и оружје.

Како што објави сириското министерство преку својот Телеграм канал, командантот на внатрешната безбедност во покраината Дамаск, бригаден генерал Ахмед ал-Далати, изјави дека операцијата е спроведена по детално следење и интензивна разузнавачка работа и била насочена кон едно од скривалиштата на ИСИС во Муадамија.

Лидерот на организацијата во Дамаск, познат како „Гувернер на Дамаск“, Таха ал-Зуби, со прекар Абу Омар Табија, е уапсен заедно со неколку негови помошници, а за време на операцијата се запленети експлозивен појас и оружје.

Ал-Далати оцени дека оваа операција претставува силен удар врз Исламската држава и ја потврдува „високата подготвеност“ на сириските безбедносни служби да одговорат на секоја закана за безбедноста на покраината и нејзината околина.

Би можело да ве интересира

Ал-Шара: Сирија ќе се држи подалеку од конфликтот со Иран освен ако не биде нападната

Ердоган ги нарече Курдите браќа

Американците започнаа силен напад врз ИСИС во Сирија

(ВИДЕО) Крвава драма во Алепо – девет мртви, десетици ранети во брутално гранатирање

А1он

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Хомс, има голем број загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Америка ја нападна ИСИС во Нигерија

Катерина Ѓуровски