Еден од најбогатите Австралијци ќе донира 65 милиони австралиски долари (62 милиони американски долари), за универзитетското образование во родната држава Западна Австралија.
Магнатот во рударството Ендрју Форест изјави дека 50 милиони долари ќе бидат употребени за создавање фондација на негово име, која ќе стипендира на сите пет универзитети во Западна Австралија.
Останатите 15 милиони ќе се наменат за изградба на центар за талентирани млади ученици.