Еден милион германски семејства нападнати од хакери

Од:

Германскиот интернет провајдер „Дојче телеком“ денеска објави дека речиси еден милион германски кориснници на интернет биле цел на планирано хакирање, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според компанијата, повеќе од 900 илјади корисници на одредени модели на рутери, биле цел на хакерски напад во недела попладне, најголем дел од нив без можност да користат интернет а останатите со други проблеми при користење на услугите.

– Веруваме дека врз рутерите било влијаено надвор од системот, се вели во изјава на „Дојче телеком“, додавајќи дека во него бил инсталиран софтвер што спречувал поврзување на корисниците со мрежата на компанијата.

Откако експертите на „Дојче телеком“ го забележале нападот, сите корисници биле информирани веднаш да ги исклучат рутерите од мрежата.

Кибер криминалот во Германија е една од главните тема на дебата, откако непознати напаѓачи лани направија хаос во дигиталнниот систем на Бундестагот, а во септември германските служби за безбедност открија дека софтвер за шпионирање бил инсталиран во компјутери на институции, партии и политичари.

Германија неколку пати досега предупреди дека софтверски напад контролиран од руски хакери, може да се очекуваат и за време на федералните парламентарни избори закажани за септември идната година.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он