Безбедноста на новинарите е предуслов за слобода на говорот, соопшти денеска Европската асоцијација на новински агенции (ЕАНА), по повод извештаите за турската агенција Анадолија чии простории беа оштетени во најновите судири во Појасот Газа.
Во соопштението на ЕАНА се наведува извештаите на Би-Би-Си за израелските воздушни напади кои се одговор на ракетните напади на палестинските екстремисти, како и дека во еден од тие напади се оштетени просториите на Анадолија.
– ЕАНА смета дека безбедноста на новинарите е предуслов за слободата на говорот и затоа повикува на посебно внимание за животот и здравјето на новинарите кои ја извршуваат својата работа на терен, се наведува во соопштението.