Џозеф и Џил Бајден се заблагодарија за поддршката откако ја објавија дијагнозата за рак

Од:

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил денес им се заблагодарија на сите што им покажаа љубов и поддршка откако беше објавено дека на поранешниот шеф на државата му е дијагностициран рак на простата.

„Ракот нè допира сите. Како и многумина од вас, Џил и јас откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша двојката во објава на профилот на Бајден на социјалните мрежи.

Кабинетот на Бајден вчера објави дека му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, додавајќи дека ракот се проширил на неговите коски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Што постави Трамп наместо портретот на Бајден во Белата куќа

Џо Бајден е опериран од рак на кожата на челото

САД: Дневниот брифинг повеќе не му се доставува на поранешниот американски претседател Бајден

Трамп нареди истрага за „заговорот“ за прикривање на менталното здравје на Бајден

Трамп откри нов скандал: Без знаење на Бајден направени се 2.500 извршни помилувања

Бајден има неизлечив рак на простата

Горан Наумовски