Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска соопшти дека земјата извршила ревакцинација на вкупно пет милиони лица.
„Постигнавме уште една пресвртница во програмата за вакцинирање, со над пет милиони луѓе кои ја примија втората доза од вакцината“, напиша Џонсон на својот профил на Твитер.
Тој уште еднаш ги повика Британците да се вакцинираат штом ќе им се појави можност за тоа.
Во Обединетото Кралство се потврдени 3.402 нови случаи на коронавирус, што е речиси двојно помалку од пред седум дена, кога беа пријавени 6.187 нови случаи, а овој резултат се објаснува со големиот број вакцинирани.
Најголем број на вакцинирани лица во еден ден беше пријавен на 20 март, кога беа имунизирани 844.000 лица.
Премиерот Џонсон уште најави дека државата ќе стори се за да ги зголеми производствените капацитети на долг рок, бидејќи се очекува имунизација да биде неопходна на долг рок.