Џонсон: Велика Британија и СЗО ќе соработуваат на развојот на „пандемиски радар“

Од:

Велика Британија заедно со Светската здравствена организација (СЗО) ќе работат на развојот на „пандемиски радар“, систем што ќе помогне брзо да се идентификуваат сите нови соеви на коронавирусот и да се следат болестите на глобално ниво, осигурувајќи дека светот „никогаш повеќе нема да биде фатен неподготвен“.

Британскиот премиер Борис Џонсон го соопшти планот за стартување на „Глобален пандемиски радар“ во пресрет на самитот на членките на Г20 за глобалното здравје, што во петок ќе почне во Рим.

Од кабинетот на Џонсон соопштија дека овој проект ќе вклучува мрежа од набљудувачки центри што можат да го следат можното појавување епидемија и да споделуваат податоци за соевите на вирусите и отпорноста на вакцината.

Џонсон го користи британското претседателство со Г7 за да ја нагласи потребата за подготвеност за идните пандемии и да воспостави работна експертска група која ќе испита како може да се забрза развојот на вакцините против идните болести.

-Справувањето со Ковид-19 на глобално ниво и обезбедувањето подобра подготвеност за идните закани по нашето здравје е апсолутен приоритет за британското претседателство на Г7, рече Џонсон.

„Ние мораме да изградиме систем за надзор на болестите што одговара на 21-от век, што ќе овозможи споделување на податоците во реално време и брзо геномско секвенционирање и одговор“, нагласи британскиот премиер.

Велика Британија на 3 и 4 јуни ќе биде домаќин на состанокот на министрите за здравство на Г7, а една недела подоцна на југо-западот од Англија самит ќе одржат и лидерите на државите од оваа група.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин