Малку е веројатна трговска војна со Европската унија, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
– Мислам дека тоа не е веројатно, но она што треба да го решиме се проблемите со политичката ситуација во Северна Ирска, рече Џонсон на прашањето дали Британија може да си дозволи трговска војна со ЕУ.
Тој претходно рече дека ситуацијата во врска со северноирскиот протокол е „многу сериозна“ и додаде дека британската Влада ќе преземе мерки за заштита на мирот и стабилноста доколку е потребно.
Извор: МИА