Џонсон со предупредување до Путин: Воена интервенција во Украина ќе има сериозни последици

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на „смирување на тензиите“ во Украина, предупредувајќи дека воената интервенција би била „стратешка грешка“ што ќе има „последици“.

Во телефонскиот разговор, Борис Џонсон „ја изрази искрената загриженост на Велика Британија поради трупањето руски сили на украинската граница и ја повтори важноста од смирување на тензиите преку дипломатски канали“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

„Премиерот истакна дека Велика Британија е посветена на интегритетот и суверенитетот на Украина и предупреди дека секој обид за дестабилизација ќе биде стратешка грешка што ќе има големи последици“, се додава во соопштението..

САД, ЕУ и Киев со недели ја обвинуваат Москва дека подготвува напад врз Украина, што Кремљ го негира.

На средбата изминатиов викенд во Ливерпул, на северозападот на Англија, министрите за надворешни работи од Г7 упатија предупредување до Русија, а британската министерка Лиз Трус се закани со „огромни последици за Русија во случај на инвазија на Украина“.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина