Џонсон: Смртта на Флојд е непростлива, но демонстрантите треба да бидат разумни

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска интервенција, е ужасен и непростлив настан, а на демонстрантите им порача да се придржуваат до законот и да бидат разумни.

Тој обраќајќи се пред пратениците истакна дека животите на Афроамериканците се важни и дека го разбира нивниот бес и тагата, не само на граѓаните на САД, туку на целиот свет, вклучитено и на Велика Британија.

Претходно, лидерот на опозициските лабуристи, Кир Стамер изјави дека е шокиран и бесен поради смртта на Флојд и го критикуваше Џонсон поради „недостиг на одговор“, барајќи Лондон да упати силна порака до американскиот претседател, Доналд Трамп поради неговото нереагирање на таквиот развој на настаните.

Џонсон одговори дека тоа што се случи во САД е ужасно и непростливо.

Сите тоа го видовме на нашите екрани и совршено го разбирам правото на луѓето да протестираат, иако верувам дека протестите треба да се одржуваат на законски и разумен начин, посочи Џонсон.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин