Џонсон: Се трудиме Британија да се врати во нормала без да загрозиме животи

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е свесен за проблемите со придржувањето кон мерките за физичко дистанцирање, ветувајќи дека ќе направи се земјата брзо да се врати во нормала, а притоа да не ризикува човечки животи.

Џонсон се осврна на загриженоста на некои компании, кои тврдат дека одржувањето растојание од два метра меѓу клиентите ги намалува нивните шанси да ја надминат кризата предизвикана од Ковид-19.

„Апсолутно ја разбирам загриженоста и ќе направам се што е во моја моќ колку е можно побрзо да му се вратиме на нормалниот живот, но мораме внимателно да продолжиме,“ рече Џонсон.

Британија е една од земјите која е најлошо погодена од пандемијата, со речиси 300.000 заразени и над 40.000 починати од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година