Џонсон: Нема причина за понатамошни напади врз Сирија

Од:

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека Лондон заедно со сојузниците ќе ги разгледа сите опции, ако сирискиот претседател Башар ал Асад повторно употреби хемиско оружје против своите граѓани во Сирија.

– Сепак, за сега ништо не е планирано, посочи Џонсон.

Тој истакна дека ја поддржува одлуката на британската премиерка Тереза Меј, заедно со САД и Франција да учествува во нападите на хемиските постројки во Сирија и оти тоа е исправна работа, со цел да се спречи понатамошна употреба на хемиско оружје.

– Не постои ниту еден предлог на маса во овој момент за понатамошни напади, бидејќи до сега, фала на господ, режимот на Асад не е толку луд да преземе уште еден напад со хемиско оружје, наведе Џонсон.

Тој одговарајќи на прашањето зошто Парламентот не е бил консултиран пред нападот врз Сирија истакна оти тоа било поради безбедноста на британските војници, како и поради ефикасноста и брзината на операцијата.

– Постојат многу преседани во тоа, наведе Џонсон.

САД, Велика Британија и Франција вчера истрелаа над сто ракети врз цели во Сирија, како како одговор на наводниот минатонеделен напад со хемиско оружје во Дума, при што загинаа најмалку 40 луѓе.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он