Џонсон и Мишел се договорија да соработуваат за кризата во Украина

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон во телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се согласи да продолжат со блиска соработка и единствен одговор меѓу Лондон и Брисел за руската инвазија врз Украина, соопшти денеска кабинетот на британскиот лидер.

Џонсон, исто така, го покрена прашањето за протоколот за Северна Ирска, кој ја регулира трговијата меѓу Северна Ирска и остатокот од Британија по Брегзит, додавајќи дека треба да се најдат решенија за заштита на мирот и стабилноста, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението објавено од Даунинг стрит 10 се вели дека е важно да се задржи притисокот на санкциите врз Москва во пресрет на овонеделните состаноци на НАТО и Г7. Двајцата политичари разговараа и за натамошната финансиска поддршка за украинската Влада.

Џонсон истакна дека е неопходно да и се обезбеди дополнителна воена поддршка на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа

Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата