Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го потпиша Договорот за повлекување на Велика Британија од Европската унија, закажан за 31 јануари, истакнувајќи дека тоа најавува ново поглавје во историјата на државата.
„Денеска го потпишав Договорот за напуштање на ЕУ на 31 јануари, почитувајќи го демократскиот мандат што ми го даде британскиот народ. Овој потпис објавува ново поглавје во историјата на нашата земја“, напиша Џонсон на Твитер.
Today I have signed the Withdrawal Agreement for the UK to leave the EU on January 31st, honouring the democratic mandate of the British people.
This signature heralds a new chapter in our nation’s history. pic.twitter.com/IaGTeeL2is
— Boris Johnson (@BorisJohnson) January 24, 2020
Тој го поздрави „фантастичниот момент“ за земјата, откако го потпиша историскиот документ и изрази надеж дека ќе заврши со години на дебата и поделба, пренесува Би-Би-Си.
Договорот беше претходно потпишан во Брисел од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, а документот потоа беше доставен во Лондон со воз.
Договорот допрва треба да биде ратификуван од страна на Европскиот парламент на 29 јануари.