Џонсон демантира: Нема да има нов локдаун

Од:

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска ги отфрли обвинувањата дека новите владини мерки против ширењето на сојот омикрон на коронавирусот ќе ја турнат земјата во нов локдаун.

Премиерот денеска изјави дека ситуацијата во Велика Британија е различна од минатата година, и покрај стравувањата од брзо ширење на новиот сој, пред се, поради широката употреба на вакцини и тестови за коронавирус.

Џонсон нагласи дека доколку луѓето сакаат да присуствуваат на јавни настани „разумна е одлуката прво да се тестираат“.

-Не сакаме да откажуваме настани, да воведеме заклучувања и најбрзиот начин да се вратиме во нормала е да се заштитиме со уште една доза вакцина против Ковид-19, рече тој.

Американските медиуми пренесуваат дека Велика Британија вчера го регистрира најголемиот дневен број на потврдени случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Извршната директорка на британската Агенција за здравствена безбедност, Џени Харис, предупреди дека ситуацијата со вирусот најверојатно ќе се влоши, бидејќи сојот омикрон ќе предизвика нов бран на инфекции за време на божиќните празници, пренесоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот