Џонсон: Да се ​​принуди Украина на „лош“ компромис со Русија би било „одвратно“

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска нагласи дека Западот не треба да ја охрабрува Украина да се согласи на „лош“ компромис со Русија, бидејќи тоа би било „морално одвратно“.

„Поттикнување на лоши мир во Украина значи да се охрабри рускиот претседател Владимир Путин и сите оние во светот кои мислат дека агресијата се исплати“, рече Џонсон во говорот во Блекпул, северозападна Англија.

„Тоа би било грешка и би ја отворило вратата за повеќе конфликти, повеќе нестабилност, поголема несигурност во светот и повеќе економски тешкотии“, додаде тој.

„Знам дека некои, не во оваа земја, туку на други места, веруваат дека цената на поддршката за Украинците сега е превисока и дека треба да се охрабрат да се согласат со она што го бара Путин“, рече тој.

„Да се напуштат Украинците би било морално одвратно“, нагласи тој.

Путин „никогаш нема да може да ја потчини Украина и колку побрзо го сфати тоа, толку подобро, но не смее да му се дозволи да постигне делумен успех со голтање дел од земјата како што правеше претходно и прогласување прекин на огнот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина