Џонсон: Целта на Велика Британија не е смена на режимот на Путин

Од:

Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, прецизирајќи дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната.

– Ја разбирам фрустрацијата на народот поради Путин и желбата да се смени владата. Тоа е целта на многу демократски политики, изјави Џонсон пред пратениците.

Сепак, тој истакна дека промената на рускиот режим не е цел на британската влада и дека е многу важно тоа сите да го разберат.

– Ние едноставно се обидуваме да помогнеме во заштитата на народот на Украина, да го заштитиме од целосно варварско и неразумно насилство, рече Џонсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски