Џонсон: Британија нема избор, мора да одиме со карантин во целата држава

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Долниот дом на Парламентот ја бранеше одлуката за наметнување втор национален карантин, што треба да почне во четврток.

– Соочени со најновите податоци, нема друга опција освен да се преземат понатамошни активности на национално ниво, им порача Џонсон на пратениците.

Тој додаде дека е правилно прво да се наметнат локални мерки.

– Верувам дека беше исправно да се испробаат сите можни опции за ставање под контрола на овој вирус на локално ниво преку силно локално дејствување и силно локално раководство, рече Џонсон.

Според предложените мерки, повеќето продавници ќе бидат затворени до 2 декември, а баровите и рестораните ќе бидат ограничени на услуги за достава.

На луѓето ќе им биде наредено да останат дома, освен одење на работа, вежбање и основно пазарување, додека училиштата и факултетите ќе останат отворени.

Покраинските влади на Северна Ирска, Шкотска и Велс веќе воведоа построги ограничувањаза спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца