Џон Кери го поддржа Џо Бајден за претседателски кандидат на демократите

Од:

Џон Кери, поранешниот американски државен секретар и демократски претседателски кандидат за изборите во 2004 година, ја поддржа кандидатурата на Џозеф Бајден за претседател на САД, повикувајќи се на аргументот на поранешниот потпретседател дека неговото меѓународно искуство треба да биде пресуден фактор за избирачите во 2020 година.

Штабот на Бајден ја соопшти поддршката од Кери, додека тој продолжува да го обвинува претседателот Доналд Трамп дека е опасен и неспособен шеф на држава. Ситуацијата дополнително се зaостри со објавувањето на видео снимката на која се гледа како други светски лидери му се потсмеваат на Трамп на приемот во Бакингамската палата, што се оддржа во рамки на самиот на НАТО, пренесоа американските медиуми.

-Никогаш порано не сум видел дека на светот му е потребен некој кој уште првиот ден може да почне со неверојатно тешка работа на составување на светот што Трамп го расцепка, изјави Кери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски