Американскиот вицепретседател Џо Бајден кон крајот на ноември ќе ја посети Украина и ќе се сретне со претседателот Петро Порошенко.
Посетата на Украина е дел од турнејата на Бајден, која ќе почне на 17 ноември. Тој во Мароко ќе ја предводи американската делегација на петтата средба на високо ниво за глобално претприемаштво во Маракеш.
Бајден во Киев покрај средбата со Порошенко ќе се сретне и со лидерите на цивилното општество.
Американскиот вицепретседател ќе ја посети ии Турција при што е предвидена средба со премиерот Ахмет Давутоглу.