Џо Бајден нема да држи предизборни митинзи

Од:

Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џо Бајден, денеска соопшти дека нема да организира предизборни митинзи поради епидемијата на коронавирусот.

-Ќе ги почитувам наредбите на лекарите, не само за мене, туку и за земјата, а тоа значи дека нема да одржувам собири, рече поранешниот американски потпретседател.

Би-Би-Си наведува дека тоа е во целосна спротивност со ставот на неговиот противник Доналд Трамп, кој на крајот на јуни веќе го одржа својот прв митинг од кампањата во Тулса, во сојузната држава Оклахома, и покрај здравствените предупредувања.

Одзивот на поддржувачите, меѓутоа , беше помал од очекуваниот, а нови митинзи не се најавени.

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е