САД ќе застанат до Украина против „понижувачките закани“, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден, кој се наоѓа во посета на Киев.
На средба со лидерите на различни политички партии во Украина, американскиот претседател истакна дека тие имаат историска можност да изградат единствена Украина.
Бајден изрази уверување дека САД се подготвени да и помогнат на Украина да стане енергетски независна од Русија.
Во програмата на Џо Бајден за денеска се предвидени средби со вршителот на должноста претседател на Украина, Олександар Турчинов и со премиерот Арсениј Јацењук.
Џо Бајден е првиот висок американски претставник кој допатува во Украина по посетата на државниот секретар Џон Кери на 4 март годинава.